КРАЈ: Англија после продолженија победи против Словачка! (ВИДЕО)

June 30, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

КРАЈ: Англија после продолженија победи против Словачка! (ВИДЕО)

Англија успеа да ја победи селекцијата на Словачка и така се пласираа во четврфиналето каде ќе се сретнат со Швајцарија. Словачка поведе во 25. минута преку голот на Шранц па водеа на полувреме.

Во второто полувреме Англија се обидуваше, но пак воопшто не изгледаа добро. Голот на Англија падна по „ножичките“ на Белингем во 95. минута кој прекрасно стрелаше па следуваа продолженија. Само што почнаа продолженијата, Кејн погоди за 2-1 и го постави конечниот резултат. И денеска Англија воопшто не блескаше па прашање е со ваква игра до каде ќе можат да стигнат, а Словаците можат да бидат горди на својот настап денеска.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.