Крај на ерата на Донарума во Париз

August 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Крај на ерата на Донарума во Париз

Џанлуиџи Донарума е на излезна врата од ПСЖ, пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Искусниот голман не е повикан за Суперкупот, што е јасен сигнал од клубот дека повеќе не сметаат на неговите услуги. Преговорите за нов договор пропаднаа, а „светците“ веќе обезбедија замена — Лукас Чевалиер од Лил. Очекувањата се Донарума да го промени клубот пред затворањето на преодниот рок, а најмногу се споменуваат потенцијални понуди од Премиер лигата.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.