Крал на негативните рекорди: Тен Хаг е најбрзо отпуштениот тренер во историјата на Бундеслигата

September 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Крал на негативните рекорди: Тен Хаг е најбрзо отпуштениот тренер во историјата на Бундеслигата

Ерик Тен Хаг пристигна во Баер Леверкузен со големи амбиции и надеж дека ќе ја врати екипата на врвот на германскиот фудбал, но неговата авантура траеше рекордно кратко. Холандскиот стратег доби отказ по само две одиграни кола во Бундеслигата, што претставува вистински преседан во историјата на лигата. Со тоа, Тен Хаг влезе во негативните анали на германскиот фудбал – стана првиот тренер некогаш отпуштен по толку краток период од стартот на сезоната. Од него се очекуваше да донесе стабилност и нова енергија во редовите на поранешниот шампион, но резултатите и играта на тимот беа далеку под очекувањата. Леверкузен се наоѓа во голема турбуленција и клубот реши дека е подобро веднаш да стави крај на експериментот, наместо да ризикува со нови неуспеси. Навивачите останаа шокирани од ваквиот потег, но раководството верува дека брзата промена ќе ја спаси сезоната.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.