„Кралевите“ повторно се жалат: Тврдат дека судијата бил навивач на Барселона

May 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Кралевите“ повторно се жалат: Тврдат дека судијата бил навивач на Барселона

Реал Мадрид повторно ја активира својата стара, проверена стратегија пред големите спектакли - медиумски притисок врз судиите, овојпат преку клубската телевизија. Ел Класико се наближува, а „кралскиот“ клуб уште еднаш реши да ја насочи фокусот кон делителот на правдата, Хернандез Хернандез, чие име повторно го ставаат под лупа со остри забелешки и видео-коментари. Иако Хернандез важи за еден од најискусните арбитри во Шпанија, Реал не мирува. Со наслов „Ова е Хернандез Хернандез, кој ќе го суди Ел Класико“ клубската ТВ објави прилог кој наводно ги разобличува сите негови „прегрешенија“ на штета на Мадриѓаните. Пораката е јасна: кога натпреварот значи сè, а притисокот е како вулкан пред ерупција, секој детал се брои. А кога Флорентино Перез диригира од сенка, судиите никогаш не изгледаат доволно неутрални во очите на Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.