June 16, 2025 | | Свет
Јапонската фудбалска легенда Казујоши Миура, попознат како „Кралот Казу“, продолжува да ги руши сите граници на издржливост и посветеност. На неверојатни 58 години, тој го одигра својот прв натпревар во 40-та професионална сезона, влегувајќи како замена во победата на Атлетико Сузука со 2-1 над Јокохама во четвртата јапонска лига. По неколкумесечна пауза поради повреда на ногата, Миура се врати на теренот со истата страст која ја имаше кога дебитираше далечната 1986 година во дресот на бразилски Сантос. „Сакам повторно да играм и да го покажам својот карактер. Благодарен сум на сите што ме поддржаа. Сега сакам да го забрзам ритамот“, изјави Миура по мечот. Во интервју за FIFA.com во април, тој порача дека пензијата не е дел од неговиот план. „Кога имав 35 или 40 години, си велев дека не можам вака повеќе. Но, наместо да се откажам, се туркав себеси да дадам повеќе. Зборот пензија не постои во мојот речник.“ Миура има 89 настапи и 55 гола за националниот тим на Јапонија, и останува првата фудбалска суперѕвезда на својата земја – и дефинитивно најдолговечната. Без оглед на годините, „Кралот Казу“ продолжува да го живее својот сон.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |