Кралска плата за англискиот ас: Откриено колку ќе заработува Арнолд во Реал

June 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Кралска плата за англискиот ас: Откриено колку ќе заработува Арнолд во Реал

Трент Александер-Арнолд од денес е и официјално новиот галактико во редовите на Реал Мадрид. По години верност на Ливерпул, каде што се изгради во елитен бек со визија на плејмејкер, Трент се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ – но не само како засилување, туку како фудбалер што ќе носи нова димензија на тимот. Иако договорот со Ливерпул му истече, мадридскиот гигант сепак одлучи да уплати 10 милиони евра на сметката на „црвените“ – гест кој сведочи за почит, но и желба трансферот да помине без сенка. Вистинската сензација, сепак, е платата: 17.5 милиони евра по сезона! Со оваа цифра, Александер-Арнолд се искачи меѓу најплатените фудбалери на Реал и убедливо стана најплатениот бек во историјата на клубот. Реал не го гледа Трент само како класичен десен бек. Последните сезони тој сѐ повеќе се појавуваше во срцето на играта – како  креатор, како лидер. Во кралскиот клуб, од него очекуваат влијание што ќе оди далеку над центаршутови и слободни удари. Тие вложуваат во фудбалска интелигенција, во визија и во харизма. Александер-Арнолд ќе го носи дресот со број 12, но во очите на навивачите и на раководството, тој веќе има статус на првотимец што треба да ја продолжи традицијата на мадридскиот гламур.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.