November 10, 2026 | | Свет
Легендарниот германски фудбалер Тони Крос смета дека стилот на игра на Барселона може да биде сериозна пречка за каталонскиот гигант во обидот да стигне до трофејот во Лигата на шампионите. Според него, со начинот на кој настапува, Барселона многу тешко ќе успее да ја освои најелитната европска клупска титула. Германецот посочува дека пристапот на каталонците речиси секогаш се заснова на создавање повеќе шанси од противникот, но предупредува дека таквата филозофија е многу потешко да се спроведе во Лигата на шампионите. „Со овој стил на игра, многу е тешко Барселона да ја освои Лигата на шампионите. Нивниот пристап секогаш се заснова на создавање повеќе шанси од противниците. Но, во Лигата на шампионите тоа станува многу, многу потешко. Се соочувате со екипи кои можат да постигнат неколку голови на еден натпревар, но и со тимови кои се исклучително добро организирани во одбраната и едноставно нема да ви дозволат да играте онака како што сакате. Во такви ситуации, мора да знаете и како да се браните. Барселона премногу се потпира на потребата да постигне два или три гола за да победи на натпреварот. Тоа е опасен пристап во Лигата на шампионите“, смета Крос.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |