July 7, 2024 | | Свет
Натпреварот против Шпанија беше последен за Тони Крос во неговата кариера бидејќи тој реши да се пензионира. Причината за пензионирањето е како што рече тој, да заврши и паметат сите дека се пензионирал кога бил на високо ниво. Тој беше запрашан и за тоа дали ќе се врати и ќе живее во Германија или ќе остане во Шпанија. Во подкастот на „ЗДФ“, Крос рече дека ќе продолжи да живее во Шпанија и во Мадрид, бидејќи во моментов смета дека Германија е небезбедна земја поради големите миграции кои направиле неговата земја да биде непрепознатлива. „Германија веќе не е истата земја кога беше пред 10 години, а тоа е така порарди масовната миграција. Масовната миграција во нашата земја стана премногу неконтролирано. Секаде има големи проблеми, има голем метеж и тоа за мене е премногу. Има имигранти кои се добри луѓе, но ако не можете да ги разликувате од тие кои не се добри за Германија, на крајот работата станува тешка. Ставот на Германците станува се поподелен на оваа тема. Една од главните причини поради кои ќе продолжам да живеам во Шпанија е безбедноста. Во голем германски град би се плашел да ја пуштам мојата ќерка надвор после 11 часот навечер, во Шпанија тоа не е така“, објаснува Крос.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |