Крос: На Флик во Реал ќе му се смееја поради неговото правило

June 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Крос: На Флик во Реал ќе му се смееја поради неговото правило

Тони Крос, легендата на Реал Мадрид и германската репрезентација, се пошегува на сметка на новото дисциплинско правило на Ханси Флик во Барселона, според кое играчи кои доцнат дури и неколку минути – се изоставуваат од тимот. Во подкастот што го води со својот брат Феликс, Крос го спореди германскиот и шпанскиот менталитет, и отворено призна дека во Реал Мадрид ваквото правило би било дочекано со смеа. „Под водство на Флик, некои фудбалери беа оставени на клупата затоа што доцнеле пет минути на состанок или тренинг. Во Реал, ќе му се смееја“, вели Крос. „Секогаш постоеше неизвесност – дали прво ќе дојде тренерот или играчите. Се работи за различни филозофии. Кај Германците владее ред и точност, кај Шпанците – повеќе слобода и разбирање. Веројатно и двете пристапи можат да дадат резултат, но ова од Флик е баш германски пристап“, додаде Крос низ насмевка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.