May 6, 2025 | | Свет
Поранешниот германски репрезентативец и легенда на Баерн Минхен и Реал Мадрид, Тони Крос, го изненади фудбалскиот свет со јавно изразена почит кон еден од клучните фудбалери на ривалот Барселона, Педри. Во интервју што предизвика силни реакции во Шпанија, Крос го нарече младиот шпански плејмејкер „најдобриот играч од средниот ред во светот“. „Од моја перспектива, Педри е најдобар во моментов. Тој е тип на играч кој ви недостасува штом не е на теренот, без оглед кој ви е противникот“, изјави Крос. Неговиот коментар доаѓа во период кога тензиите меѓу Реал и Барса се високи, со оглед на завршницата на сезоната во Ла Лига и Лигата на шампионите. Дополнително внимание привлекува фактот што Крос, кој пред една година се повлече од професионалниот фудбал, е длабоко поврзан со Реал Мадрид, клуб чиј најголем ривал е токму Барселона. „Не се работи само за голови или асистенции, Педри нуди тактички решенија кои ретко кој може да ги даде. Според статистиките, во Лигата на шампионите има просечно 52 надминувања на противници по натпревар, а во Примера таа бројка е дури 59. Победува 11 до 12 дефанзивци по натпревар, тоа е феноменално за играч од средниот ред“, додаде Крос. Неговите зборови уште еднаш го потврдуваат огромниот респект што Педри го ужива меѓу врвните фудбалски имиња, дури и од таборот на најголемиот ривал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |