August 6, 2024 | | Свет
Тони Крос сезонава реши да се пензионира каде успеа да ја освои Лигата на Шампионите и Ла Лига со Реал Мадрид. Германецот ја коментираше одлуката за повлекување од фудбалот, па направи споредба со ситуациите на Лука Модриќ и Кристијано Роналдо. „Лука Модриќ сака да игра до крај, јас тоа никогаш не би го направил. Освен тоа, тој прифати нова улога според која игра помалку. Тоа немаше да биде мојата одлука. Сепак, Лука гледа поинаку на работите, секој има свој пат. Тој како и Кристијано Роналдо е зависен од успех, тоа не престанува. Одлучија за нешто што 95% од фудбалерите не го прават, а тоа е да престанеш кога си на врвот. Наместо тоа одбраа живот во фудбалот малку подолго, што исто така е добро. Ако се среќни со тоа, тогаш супер“, изјави Крос. Тој рече дека размислувал со месеци за повлекување, а потоа размислил дека ова му е одлична сезона и дека следната тешко дека ќе игра подобро. „Долго време одвоив размислувајќи дали треба да заминам во пензија, но тогаш кога веќе решив – немаше назад“, рече тој. Тој реши да остане во градот Мадрид каде ќе работи во клубот, а во кариерата освои сè што можеше да се освои на клупски план, а беше и светски првак со Германија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |