Крос: Се надевам дека ќе преживеам со парите кои ги заработив

July 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Крос: Се надевам дека ќе преживеам со парите кои ги заработив

Тони Крос последниот натпревар во својата кариера го одигра против Шпанија каде несреќно во продолженијата беа елимирани во четвртфиналето. Тој во подкастот „Ленц и Прехт“ зборуваше за повеќе теми, каде актуелна беше и неговата изјава дека не се чувствува безбедно во Германија иако неговото потекло е од таму, како и дека ќе биде помирен ако ќерка му излезе во град во Шпанија, отколку во Германија. „Заработив повеќе од доволно играјќи за Баерн и Реал. Ако не можам да преживеам со парите што ги имам, веројатно нема да можам да се справам со иднината“, изјави Крос. Тој зборуваше и за понудите кои стигаат од Саудиска Арабија. „Сега имаме можност во Арабија да заработиме двојно повеќе за една година, отколку да играте петнаесет години во Втората лига на Германија. И тоа е добро, но секој си го избира својот пат“, заврши Крос.  

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.