May 16, 2025 | | Свет
Челси оствари значајна победа над Манчестер Јунајтед со минимални 1-0 на свој терен, задржувајќи ги шансите за место меѓу првите четири во Премиер лигата. Натпреварот започна со високо темпо и веднаш понуди возбудувања. Хари Мегваер прв ја затресе мрежата, но голот беше поништен по ВАР-интервенција поради офсајд. Само неколку минути подоцна, Челси возврати преку Рис Џејмс, кој ја погоди стативата и најави борбена партија од „сините“. Следуваше изедначена игра со доста можности пред двата гола. Палмер, Маунт и Фернандез имаа обиди, додека Челси во второто полувреме доби пенал по фаул на Онана, но и тој беше поништен по ВАР-преглед. Одлучувачкиот момент се случи во 71. минута. По прецизна асистенција од Рис Џејмс, левиот бек Марк Кукуреља со удар со глава го совлада голманот на Јунајтед и ги постави конечните 1-0. До крајот на натпреварот се редеа уште неколку шанси, но мрежите мируваа. Со оваа победа, Челси се искачи на 66 бодови и останува во трката за пласман во Лигата на шампионите. Голот погледнете го ТУКА
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |