June 11, 2024 | | Свет
Вчера и официјално беше потврдено дека Френки Де Јонг ќе го пропушти ова Европско првенство поради повредата која ја задоби во последното Ел Класико сезонава во дуел со Валверде. Де Јонг напорно тренираше за да биде дел од тимот и да проба да и помогне на својата селекција. „Френки Де Јонг има историја со оваа повреда на скочниот зглоб и мора да размислуваме за здравјето на фудбалерот. Неговиот клуб реши да ризикува во текот на сезоната и ова е цената што сега ја плаќаме. За жал нема да биде спремен за три недели“, вели тој. Тие биле оптимисти дека ќе се опорави за третиот натпревар од групната фаза, но тоа не се случи. „Тажен сум и разочаран што нема да стигнам да настапам на Европското првенство. Многу работевме во изминатите неколку месеци, но на мојот скочен зглоб му е потребно повеќе време. За мене сон и најголема чест е да ја претставувате вашата репрезентација на голем турнир, но сега како и цела нација ќе навивам со цело срце“, рече Де Јонг.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |