September 3, 2024 | | Свет
Роналд Куман кој во моментов е селектор на холандската фудбалска репрезентација е прилично разочаран од веста дека Стивен Бергвајн се пресели во Саудиска Арабија каде ќе заигра за Ал Итихад во трансфер вреден 25 милиони евра. Тој рече дека за Бергвајн репрезентативната кариера е завршена, но и за сите оние кои ќе заиграат во таа држава. „Бергвајн замина за Саудиска Арабија на 26-годишна возраст. Зарем треба да дискутираме дали тој воопшто има спортска амбиција. Неговата епизода во холандската репрезентација е завршена, тој е свесен за тоа уште пред јас да го кажам. Истото ќе се однесува и за следни слични случаи во иднина“, рече холандскиот селектор. Тој потврди дека разговарал со Блинд, Вајналдум и Де Рон каде ги известил дека повеќе нема да бидат дел од селекцијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |