Куртоа до критичарите на СКП: Во заблуда сте ако им верувате на твитерџии дека турнирот е ср*ње…

July 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Куртоа до критичарите на СКП: Во заблуда сте ако им верувате на твитерџии дека турнирот е ср*ње…

Реал Мадрид обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство, совладувајќи го Јувентус со 1-0 во натпревар што се одигра во САД. Победничкиот гол го постигна талентираниот Гонзало Гарсија во 54. минута, а „кралскиот клуб“ за три дена ќе се соочи со Борусија Дортмунд. И покрај спортската возбуда, турнирот добива сериозни критики – ФИФА е обвинета дека претерува со оптоварувањето на фудбалерите по долгата сезона, дел од мечевите се играат по неподносливи горештини и пред речиси празни трибини, а некои дури беа прекинати поради лоши временски услови. Дополнителен проблем е отсуството на големи клубови како Барселона, Ливерпул, Милан, Арсенал и Наполи, што ја отвори дебатата за квалитетот на натпреварувањето. Но, по натпреварот, голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, жестоко го бранеше Клупскиот Мундијал. „Ако им верувате на четворица твитерџии што велат дека Клупскиот Мундијал е ср*ње, тогаш сте во голема заблуда. Овде играат врвни екипи! Бразил има клубови со висок квалитет, Ал Хилал има одличен состав, Монтереј можеше и да ја победи Борусија… Не се само европските клубови добри. Ова натпреварување има голема фудбалска вредност и нуди навистина интересни натпревари“, изјави Куртоа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.