April 17, 2025 | | Свет
За првпат по 2010 година, Реал Мадрид не успеа да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите, откако беше елиминиран со убедлив вкупен резултат од 1-5 од страна на Арсенал. Тимот од Лондон беше надмоќен во двата натпревари и му нанесе тежок удар на актуелниот европски шампион. На реваншот, „кралевите“ беа бледа сенка од себе. Единствениот погодок што го постигнаа беше резултат на несреќна интервенција на Салиба, додека вистинска офанзивна закана речиси и не постоеше. Голманот Тибо Куртоа поразот го прими со сериозни зборови, а вината ја насочи и кон офанзивците. „Мислам дека Раја немаше ниту една вистинска интервенција. Упативме многу центаршутеви, но немавме завршница. Ни недостигаше некој како Хоселу, тип на играч кој минатата сезона не спаси во најважниот момент. Оваа сезона тоа го немавме,“ изјави Куртоа по натпреварот. Овие зборови се толкуваат и како критика за Винисиус и Килијан Мбапе, кои одиграа далеку под очекувањата токму кога беше најважно. Реал ја загуби својата напаѓачка острина, а Хоселу, херојот од минатата сезона со двата гола против Баерн оваа година не беше тука за да ја повтори магијата. Сега настапува во Ал Гарафа, Саудиска Арабија. На крајот, дури и Карло Анчелоти мораше да признае дека Арсенал едноставно беше подобар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |