Куртоа се радуваше пред навивачите на Атлетико, па беше плукнат (ВИДЕО)

March 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Куртоа се радуваше пред навивачите на Атлетико, па беше плукнат (ВИДЕО)

Навивачите на Атлетико Мадрид сè уште не можат да се смират по елиминацијата од градскиот ривал Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите. Иако поминаа два дена од возбудливиот натпревар, јавноста и понатаму дебатира околу спорната одлука да се поништи пеналот на Хулијан Алварез. Особено незадоволни беа фановите на Атлетико, а својот гнев го насочија кон белгискиот голман Тибо Куртоа. На социјалните мрежи се појави видео од натпреварот на кое се гледа како еден навивач на Атлетико го плука чуварот на мрежата на Реал Мадрид. Провокации имаше од двете страни, но се поставува прашањето дали Куртоа постапи правилно со оглед на тоа што се работи за негов поранешен клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.