March 13, 2025 | | Свет
Реал Мадрид обезбеди место во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а најконтроверзниот момент на дуелот со Атлетико Мадрид беше поништениот пенал на Хулијан Алварез, откако ВАР утврди дека двапати ја допрел топката. По завршувањето на натпреварот, голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа, остро го критикуваше тренерот на „јорганџиите“ поради неговите изјави дека голот не требало да биде поништен. „Веднаш забележав дека нешто не беше во ред и му се обратив на судијата. Подоцна беше потврдено дека Алварез двапати ја допре топката, што според правилата значи дека пеналот е невалиден. Тоа се прописи, не може да играте двапати со топката при изведување на пенал. Немаше среќа, но такви се правилата“, изјави Куртоа. Белгискиот голман не ја пропушти можноста да го критикува Диего Симеоне, обвинувајќи го дека постојано се жали. „Симеоне тврди дека пеналот не требало да биде поништен? УЕФА јасно виде што се случи. Искрено, веќе ми е доста од неговото постојано претставување како жртва и неговото бесконечно жалење за вакви ситуации“, додаде Куртоа. Во четвртфиналето, Реал Мадрид ќе се соочи со Арсенал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |