Ла Фуенте: Дадете ја Златната топка на Родри

July 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ла Фуенте: Дадете ја Златната топка на Родри

Луис де ла Фуенте одлично се снајде во улогата како селектор на шпанската фудбалска репрезентација и успеа да го освои Европското првенство со доминантен и енергичен фудбал. „Резултатот не е важен, важен е целиот процес, а резултатот е производ на системот. Овие млади луѓе се пример за општеството, би било добро да ги цениме како вредни спортисти, а резултатот е само производ на планирана, долгорочна работа“, рече тој. Ла Фуенте во јануари 2023 година го наследи на функцијата Луис Енрике. Тој даде и свое мислење за тоа кој треба да ја освои Златната топка. „Денес, Ојазабал постигна гол и создаде многу проблеми за англиската одбранбена линија. Негова заслуга е што Зубименди имаше сензационално второ полувреме кога Родри беше надвор од игра. Сега ќе ве молам Златната топка да му ја доделите на Родри“, вели тој. Инаку, Родри беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство што е уште еден доказ за неговите добри настапи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.