July 2, 2025 | | Свет
Шпанската Ла Лига ја објави официјалната програма за новата фудбалска сезона 2025/26. Првото коло ќе се одигра на 16 и 17 август, а последното на 23 и 24 мај следната година. Бранителот на титулата, Барселона, ќе ја отвори сезоната со гостување кај Мајорка, додека Реал Мадрид стартува на домашен терен против Осасуна. Атлетико Мадрид ќе има тешка задача на стартот, со гостување кај Еспањол. Првото „Ел Класико“ е закажано за 26 октомври во 10. коло, кога Реал ќе ја пречека Барселона на „Сантијаго Бернабеу“. Реваншот ќе се одигра на „Камп Ноу“ на 10 мај, во завршната фаза од првенството. Мадридските дербија се предвидени за 28 септември (Атлетико – Реал) и 22 март (Реал – Атлетико). Барса и Атлетико ќе ги одмерат силите на 11 јануари во Каталонија, а реваншот во Мадрид ќе се игра на 5 април. Сите термини се привремени и подложни на промени во зависност од ТВ-термини и календарот на УЕФА. Целиот распоред за новата сезона од Ла Лига може да го видите на овој ЛИНК.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |