Ла Лига ја изгуби војната: Олмо и Виктор остануваат трајно регистрирани!

April 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ла Лига ја изгуби војната: Олмо и Виктор остануваат трајно регистрирани!

Врховниот совет за спорт на Шпанија ја одби жалбата на Ла Лига за поништување на регистрациите на Дани Олмо и Пау Виктор, играчите на Барселона. Ова значи дека и двата фудбалери можат да играат без никакви проблеми се додека им траат договорите со каталонскиот клуб. Ла Лига и управата на Барселона веќе неколку години се во војна околу финансискиот фер-плеј на Барселона. Сепак, Лапорта ја доби и оваа битка со Хавиер Тебас кој најверојатно ќе се обиде да им направи големи проблеми на Каталонците веќе оваа лето, кога ќе се случуваат различни трансфери.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.