August 8, 2025 | | Свет
Во Ла Лига владее хаос кој се одразува директно на квалитетот и развојот на шпанскиот фудбал. Ова лето, трансфер периодот се претвори во вистински фијаско бидејќи од 104 нови играчи, само половина се официјално регистрирани. Ова не е само бројка, туку алармантен показател за лошото управување и бирократскиот хаос што владее во лигата. Ситуацијата е уште поалармантна кога ќе се земе предвид дека најголемите клубови, вклучувајќи ја и Барселона, не успеале да ги регистрираат дури ниту своите главни засилувања. Ова не е само технички пропуст – тоа директно ги оштетува клубовите, играчите и фановите, создавајќи неизвесност и нестручно управување. Јавниот лик на Ла Лига, Хавиер Тебас, изгледа како да ја води лигава кон потполна пропаст, со политиките кои ја повторуваат и продлабочуваат кризата што ја започнаа неговите претходници. Барселона, како најпознат пример, веќе четири години не може да се опорави од финансиските и административните проблеми, кои делумно се последица на хаотичното раководство во Ла Лига. Оваа состојба не само што ја уназадува Ла Лига туку и ја поткопува репутацијата на шпанскиот фудбал како една од најдобрите во светот. Ако не се превземат брзи и конкретни мерки за поефикасно управување, регистрирање на играчи и подобрување на администрирањето, ќе гледаме само повеќе хаос и паѓање на квалитетот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |