November 30, 2024 | | Свет
Винисиус Жуниор, не само што го пропушти натпреварот со Ливерпул поради повреда, туку се најде и во центарот на една малку неочекувана ситуација. Фудбалерот го следел дуелот од удобноста на својот дом, но ненамерно открил дека го прави тоа преку пиратски пренос. Во еден момент, Винисиус објавил фотографија на која го гледал натпреварот, но на сликата јасно беше видливо логото на бразилската телевизиска мрежа „ТНТ Спортс“. Оваа ситуација, иако на прв поглед изгледаше како само мала небрежност, предизвика бурна реакција од Ла Лига. Причината? Во Шпанија, правата за пренос на Лигата на шампионите ги има компанијата „Мовистар“, а секое гледање на натпреварите преку друг канал, особено пиратски, е незаконско. Тој неочекувано се најде во правна замка која ја поттикна и јавната дебата за пиратскиот пренос на спортски настани. „Винисиус на неговиот Инстаграм канал за време на натпреварот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид објави фотографија како го следи натпреварот на „ТНТ Спортс“. Тука станува за пиратерија. Кога во Шпанија некој ги гледа натпреварите од Лигата на шампионите, тоа треба да го прави преку „Мовистар“ кој плаќа за да ги пренесува натпреварите во земјата од ова натпреварување“, стои во реакцијата од Ла Лига.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |