July 28, 2025 | | Свет
Шпанските медиуми јавуваат дека Ла Лига подготвува новитет за следната сезона во врска со користењето на ВАР технологијата. Според новото правило, тренерите ќе имаат право двапати во текот на еден натпревар да побараат ВАР преглед. Ако при тоа се покаже дека биле во право, барањето нема да им се поништи и ќе можат повторно да го искористат. Воедно, една од негативните работи е што судијата би имал право да го одбие барањето на тренерот за детално да се прегледа одредена ситуација. Се очекува правилото да биде официјално усвоено во текот на неделава, а првичните коментари од клубовите и тренерите се позитивни. Постојат и најави дека оваа пракса може да биде прифатена и во други европски лиги.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |