Лацио го изненади Наполи, Аталанта е новиот лидер! (ВИДЕО)

December 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лацио го изненади Наполи, Аталанта е новиот лидер! (ВИДЕО)

Наполи го загуби лидерското место на табелата во Серија А, откако вечерва претрпе пораз од Лацио. Во драматичниот натпревар, Исаксен со префинета реализација го погоди целиот шеснаесетник на Наполи и донесе минимална победа за „бјанкочелестите“ од 0-1. Првата позиција сега ја презеде Аталанта. Лацио, по победата од 3-1 во Купот на Италија пред само три дена, повторно славеше во гостувањето на „Диего Марадона“. Моментот кој ја реши судбината на овој натпревар се случи во 79. минута, кога Нослин одлично подаде до Исаксен, кој, ослободен од својот чувар, со префинет удар од работ на шеснаесетникот го совлада голманот на Наполи и го „замолкна“ стадионот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.