Лајцпиг експрено ја одби понудата на Барса за Олмо!

July 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лајцпиг експрено ја одби понудата на Барса за Олмо!

Понудата на Барселона за Дани Олмо е одбиена, преговорите наводно продолжуваат. Иако истече клаузулата на Олмо од 60 милиони евра, сепак неговиот клуб пак ќе ја бара сличната цена од заинтересираните клубови. Барселона испратила понуда од 40 милиони евра, плус додатни 20 милиони евра во бонуси, со тоа што фиксниот дел би се плаќал на неколку рати. Но, Лајцпиг имал две причини поради кои ја одбил таквата понуда: сумата, но и поради условите за плаќање. „Биковите“ бараат 60 милиони евра без бонуси и парите да ги добијат веднаш, какви што беа условите во откупната клаузула која важеше до 20. јуни. Преговорите продолжуваат, а Барселона во минатото неколку пати беше во преговори за Олмо, но можеби ова лето конечно ќе го ангажираат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.