Лајцпинг не го дава лесно: Клучни часови за трансферот на Олмо во Барселона!

August 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лајцпинг не го дава лесно: Клучни часови за трансферот на Олмо во Барселона!

Барселона е решена да го ангажира Дани Олмо, но од друга страна и Лајцпиг нема да го даде лесно. Спортскиот директор на Барселона Деко лично дојде во Германија за да се обиде да го заврши трансферот. Воедно, Олмо со неговиот агент е исто така во Лајцпиг каде ќе се обидат да го забрзаат трансферот и заеднички сите страни да најдат решение за трансферот да може уште денес да се комплетира. Барселона би требала да плати околу 60 милиони евра за Дани Олмо а според Фабрицио Романо денес е клучен ден за операцијата Олмо во Барселона. Проблемот кои двата тима го имаат околу преговорите се структруката на плаќањето, односно висината на фиксната цена како и бонусите.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.