Лајпциг донесе конечна одлука: Ќе го продаде или позајми Елмас

December 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лајпциг донесе конечна одлука: Ќе го продаде или позајми Елмас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас оваа зима ќе го напушти тимот на Лајпциг. Според последните информации, германскиот клуб донел одлука или да го позајми, или да го продаде Елмас во јануарскиот преоден рок. Иако позајмица влегува во комбинација, не се исклучува и продажба, доколку се добие добра понуда. Елмас не беше редовен во составот на Лајпциг во првиот дел од сезоната и неговата минутажа беше далеку од очекуванотa. Затоа, не е изненадување што постојат силни индиции дека македонскиот фудбалер ќе ја напушти Германија на зимскиот преоден рок. Пред неколку недели се шпекулираше дека враќањето на Елмас во Фенербахче е веќе готово, а откупот би бил меѓу 15 и 17 милиони евра, што е значително пониска сума од она што Лајпциг го плати на Наполи за да го донесе на „Ред Бул Арената“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.