Лајпциг ги загрозува плановите на Елмас

January 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лајпциг ги загрозува плановите на Елмас

Елиф Елмас е во потрага по нов клуб каде ќе има шанса да ги покаже своите фудбалски квалитети, но неговиот трансфер од Лајпциг сега се компликува. Германскиот клуб ги промени условите за неговото заминување и, наместо позајмица, инсистираат на перманентен трансфер. Наполи и Лацио се италијанските клубови кои покажаа сериозен интерес за Елмас, а „лацијалите“ испратиле официјална понуда за позајмица до крајот на сезоната. Сепак, Лајпциг одбил да ја прифати понудата и ставил до знаење дека нема намера да го пушти македонскиот репрезентативец на позајмица, туку зимава ќе бара траен трансфер. Минатата година тие платија 24 милиони евра за Елмас, но сега се подготвени да го продадат за 15 милиони евра. Ова ги комплицира плановите на сите заинтересирани клубови, кои, покрај Наполи и Лацио, вклучуваат и Борусија Дортмунд, Фенербахче и Галатасарај, кои ја изразија својата заинтересираност со понуди за позајмица.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.