March 30, 2025 | | Свет
Поразот од Борусија Менхенгладбах со 1-0 беше последната капка за РБ Лајпциг кој донесе одлука да се раздели со тренерот Марко Розе. Заедно со него, клубот ги ослободи и неговите најблиски соработници: Александар Циклер, Марко Курт, Франк Геидек и Френк Ахлиг. Розе седна на клупата на Лајпциг во 2022 година и за време на неговиот мандат го освои Купот на Германија и Суперкупот, а тимот двапати го одведе во Лигата на шампионите. Сепак, оваа сезона не ги исполни очекувањата на управата, што резултираше со раскин на соработката. Предводејќи ги Ред Бул Салцбург, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд, Розе стекна репутација на тренер со модерен пристап кон играта. Сега, неговата следна дестинација останува неизвесна, додека Лајпциг ќе бара ново решение за клупата во обид повторно да се врати во врвот на Бундеслигата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |