Лајпциг ја намалува цената – Арсенал сѐ поблиску до потписот на Шешко

June 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лајпциг ја намалува цената – Арсенал сѐ поблиску до потписот на Шешко

Трансфер сагата околу Бењамин Шешко добива нова димензија. Германскиот гигант Лајпциг е подготвен да го пушти словенечкиот напаѓач за 70 милиони евра, значително помалку од првично побараните 80 до 100 милиони. Арсенал веќе подолго време го следи Шешко, кој оваа сезона постигна 21 гол на 45 натпревари. Иако паралелно имаат интерес и за шведскиот Виктор Ѓокереш, предноста на 21-годишниот Словенец лежи во неговата младост и искуството во поконкурентната Бундеслига. Шешко има договор до 2029 година, но намалената цена го приближува до „Емирати“. Арсенал се подготвува за сериозен потег на трансфер пазарот, а Шешко е сѐ поблиску до Премиер лигата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.