Лајпциг не и попушта на Барселона за Олмо, нивните барања мора да се исполнат!

August 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лајпциг не и попушта на Барселона за Олмо, нивните барања мора да се исполнат!

Додека трансферот на Нико Вилијамс е во застој, Барселона активно работи на трансферот на Дани Олмо со кого се договорени личните услови до 2030 година. Но, на Лајпциг не му се брза да го продаде Олмо па веќе две понуди одбија на Каталонците. Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, РБ Лајпциг нема да прифати помалку од 60 милиони евра за Олмо, плус одредени бонуси кои би се активирале во наредниот период. Шпанецот ја посакува само Барселона и наскоро се очекува договор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.