July 14, 2025 | | Свет
Фудбалскиот бисер на Барселона, Ламин Јамал, го прослави својот 18. роденден со гламурозна забава, исполнета со познати фудбалери, ѕвезди од шоу-бизнисот, инфлуенсери и музички настапи. Но, наместо само да се зборува за раскошот и славните гости, забавата доби и своја контроверзна страна – Јамал, според видеа што се проширија и покрај забраната за снимање, ангажирал луѓе со исклучително низок раст за да бидат дел од забавната програма. Таквиот потег наиде на остра реакција од шпанското здружение „АДЕЕ“, кое се занимава со заштита и поддршка на лица со ахондроплазија и коскени дисплазии. „За време на прославата, неколку луѓе со раст на џуџе беа ангажирани да учествуваат во забавни активности, без друга цел освен да служат како атракција и спектакл. Тоа е понижувачко“, се наведува во реакцијата на здружението. „Апсолутно е неприфатливо во 21 век луѓето со нисок раст да се користат како забава. Ќе преземеме мерки преку правни и социјални канали за заштита на достоинството и правата на овие лица“, изјави претседателката Каролина Пуенте.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |