Ламин Јамал направи луда роденденска забава на Ибица и го прослави полнолетството (ВИДЕО)

July 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Ламин Јамал направи луда роденденска забава на Ибица и го прослави полнолетството (ВИДЕО)

Големата надеж на Барселона, Ламин Јамал, ја прослави својата 18-та роденденска свеченост со забава која ја разбуди Ибица. Според шпанските медиуми, младиот фудбалер направил екстравагантна забава која траела до раните утрински часови. Јамал вовел едно строго правило за гостите — телефони забранети! На тој начин се зачувала приватноста на прославата, па на социјалните мрежи се појавија само неколку снимки и фотографии. Сепак, една од нив открива весела сцена каде соиграчите од Барса, Балде и Гави, се забавуваат како вистински ѕвезди. Интересна честитка пристигна и од англиската ѕвезда Џек Грилиш, кој остави коментар на една од Јамаловите објави. „Среќен роденден! Не ми се верува колку времето брзо лета, како вчера да имаше 17.“ Фотографија од огромна роденденска торта привлече внимание поради пораката што беше напишана на неа. Таа алудираше на неодамнешните медиумски шпекулации за наводни врски на Јамал со постари девојки — уште еден детаљ што го направи роденденот предмет на интерес за јавноста. Иако присутните немале дозвола да користат телефони, самиот Јамал утрово сподели кратко видео на својот Инстаграм, кое ја долови атмосферата: гласна музика, танцување и насмевки од сите страни.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.