Ламин Јамал со одговор до Леман: Ќе видиме утре кој е низок и неискусен!

July 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ламин Јамал со одговор до Леман: Ќе видиме утре кој е низок и неискусен!

Поранешниот голман Јенс Леман изјави дека Шпанците се ниски и неискусни, па Јамал реши да му возврати. Шпанија утре ќе игра против Германија во четвртфиналето од Европското првенство а пред дуелот поранешниот германски голман, Јенс Леман упати провокација до Шпанците, а Јамал сметеа дека тоа само дополнително ќе ги мотивира. „Тоа е негово размислување, што да каже? Тој е Германец. Тоа е негов обид да не дестабилизира. Не слушаме никој, ќе покажеме што сме на теренот. Тоа ќе ни помогне повеќе нас отколку на Германците, но ќе покажеме утре. Ајде да видиме дали сме ниски и неискусни“, вели Јамал. Слично мисли и Америк Лапорт кој не сака да прави голем настан од изјавата на Леман. „Не сме зборувале за ова во соблекувалната. Тоа што тој го рече не влијае негативно на нас, дури мислам и дека ни одговара. Тоа значи дека доколку ги победиме, ќе го замолкнеме. Но, да не правиме голема работа од ова“, рече Лапорт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.