„Ламин, ти сакаш да играш за Мароко“ – Ужасна навреда на играчот на Хетафе! (ВИДЕО)

October 13, 2026 | Kristijan Trajchov | Свет

„Ламин, ти сакаш да играш за Мароко“ – Ужасна навреда на играчот на Хетафе! (ВИДЕО)

Ламин Јамал се најде во центарот на вниманието по вербалната расправија со дефанзивецот на Хетафе, Абделкабир Абкар, на натпреварот од осмото коло во шпанското првенство. За време на еден прекин на играта, мароканскиот фудбалер му се приближи на младиот ас на Барселона и почна да го провоцира со коментари поврзани со неговото потекло и репрезентативниот избор. Абкар повеќепати му повторувал дека сака да игра за Мароко. „Ламин, Ламин, ти сакаш да играш за Мароко. Го знам тоа“, му довикувал дефанзивецот, повторувајќи ги истите зборови неколкупати. Јамал очигледно не остана рамнодушен на провокациите и реагираше со туркање, обидувајќи се да се оддалечи од непријатната ситуација. Сепак, Абкар продолжил да го следи и да му дофрла, по што фудбалерот на Барселона повторно го турна. Младиот шпански репрезентативец потоа се тргнал настрана, со што директниот конфликт бил прекинат.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.