July 25, 2024 | | Свет
Претседателот на Барселона Жоан Лапорта денеска го претстави Ханси Флик како нов тренер и во изјава за медиумите рече дека клубот има стабилна финансиска состојба. „Сега конечно можеме да кажеме дека сме во ситуација да донесеме играчи, вклучувајќи ги и тие имиња (Нико и Олмо). Можеме да направиме каква било операција на пазарот. Деко во моментов дава се од себе за да го засили тимот. Наскоро ќе ја објавиме економската ситуација“, вели Лапорта. Тој тврди дека економската ситуација е многу подобра од порано. „Нашата главна цел беше да го извадиме клубот од финансискиот минус и успеавме во тоа. Сега можеме понормално да работиме на трансферите. Ситуацијата со Nike исто така ќе биде дефинитивна наскоро, во моментов преговараме за некои детали", додаде тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |