October 18, 2024 | | Свет
Се очекува наскоро и официјално Барселона да го потпише историскиот договор со „Најк“ со кој драстично ќе се поправи финансиската ситуација во клубот. Иако односите помеѓу клубот и компанијата пред извесен период беа напнати, сепак и двете страни сфатија дека ќе мораат да седнат и да испреговараат нови услови со кои бенефит ќе имаат сите. „Договорот со „Најк“ ќе биде најдобар во светскиот фудбал. Можевме да го потпишеме уште во август, но не го направив тоа зошто чекав уште подобра понуда. Отидовме на пазарот и баравме подобра понуда и ја најдовме. На крајот, „Најк“ реши да ја израмни понудата која ја пронајдовме на пазарот. Во завршни преговори сме и наскоро се ќе биде објавено јавно. Договорот ќе биде историски и ќе биде во времетраење од 10 години“, рече Лапорта.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |