Лапорта: Одбивме понуда од 250 милиони евра за Јамал

October 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лапорта: Одбивме понуда од 250 милиони евра за Јамал

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта откри дека одбиле огромна понуда за Ламин Јамал. „Примивме понуда од 250 милиони евра за Јамал и истата веднаш ја одбивме“, рече Лапорта. Фабрицио Романо откри дека станува збор за ПСЖ кој го посакуваше Шпанецот. Понудата била испратена пред почетокот на летниот преоден рок. Пред околу еден месец истото го откри и агентот на Дани Олмо, Енди Бара кој призна дека е близок со Лапорта.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.