Лапорта подготвува трансфер-бомби кои ќе чинат 200 милиони евра

August 22, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лапорта подготвува трансфер-бомби кои ќе чинат 200 милиони евра

Иако ова лето Барселона не беше премногу активна на трансфер-маркетот, шпанските медиуми најавуваат дека следната година клубот ќе има вистински спектакл. Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека претседателот Жоан Лапорта обезбедил 200 милиони евра за две големи засилувања и тоа без да се прекршат правилата на Финансискиот фер-плеј. Според информациите, Барселона планира да ги донесе Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид и Алесандро Бастони од Интер, со што тренерот Ханси Флик ќе добие уште посилен и поконкурентен состав за наредната сезона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.