Лапорта: Поради судијата нема да играме во финалето на Лигата на шампионите

May 8, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лапорта: Поради судијата нема да играме во финалето на Лигата на шампионите

Барселона го заврши својот настап во Лигата на шампионите откако во двомеч исполнет со драма и неизвесност, беше елиминирана од Интер со вкупен резултат од 7:6. Каталонците одиграа две спектакуларни средби, но на крајот радоста и билетот за финалето им припадна на италијанските шампиони. Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изрази незадоволство од судиските одлуки, за кои смета дека биле клучни во елиминацијата на клубот. „Повеќе од 4.000 наши навивачи патуваа во Милано и тие заслужуваа сè, и победа, и финале. Сите кои беа со нас во текот на целата сезона, кои ги поддржуваа играчите и Ханси Флик, заслужуваат признание. Но, она што се случи во полуфиналето беше болно“, изјави Лапорта. Тој беше дециден во ставот дека арбитражата одиграла клучна улога. „Се боревме да стигнеме до Минхен, но не успеавме. И тоа, пред сè, поради судиските одлуки кои беа очигледно против нас. Ова мора да нè зајакне. Имаме тим со иднина и сегашност, и гледајќи го ставот на нашите фанови, тоа ни дава дополнителна сила.“ По тешкото разочарување на европската сцена, Барселона нема време за жалење, веќе в недела ги очекува нов клучен предизвик, Ел Класико против Реал Мадрид. Натпревар кој може да ја дефинира титулата во Ла Лига.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.