December 21, 2024 | | Свет
Жоан Лапорта денеска се обрати пред членовите на Управниот одбор и сите сосиоси на Барселона, најавувајќи историски договор кој беше потпишан пред некое време. По долги и макотрпни преговори, Барселона конечно успеала да најде заеднички јазик со компанијата „Најк“, продолжувајќи ја соработката која започна уште во 1998 година. Новиот договор е најголемиот во историјата на фудбалот, со што Барселона ќе добие неверојатни 1,7 милијарди евра од американската компанија во наредните 14 години. Ова значи дека клубот ќе инкасира околу 130 милиони евра по сезона, што ќе претставува огромна финансиска инјекција за стабилизација на клубот. Лапорта не криеше дека преговорите биле тешки и дека на некој момент дури и се сомневал во успехот. „Мора да се признае дека имаше загуба на меѓусебната доверба за време на преговорите. Постоеше голема шанса секој да тргне по свој пат. На крајот, Најк реши да не ислуша и, со помош на медијатор, успеавме да постигнеме договор. „Со овој договор, Барселона се враќа на светската сцена. Ќе бидеме посилни, посамоуверени и попосветени на нашата цел – да го вратиме сјајот на најдобриот клуб во светот“, рече тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |