Лаутаро: Халанд и Мбапе не се подобри од мене, заслужив повеќе

November 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лаутаро: Халанд и Мбапе не се подобри од мене, заслужив повеќе

Лаутаро Мартинез заврши на седмата позиција во изборот за „Златната топка“ за сезоната 2023/2024. Тој го изрази своето незадоволство и рече дека заслужил повеќе. „Немам на што да им завидувам на Халанд, Мбапе, Кејн и Левандовски. Јас сум на исто ниво со нив. Разочаран сум со седмото место, очекував подобар пласман по одличната сезона која ја имав. Лаутаро беше јавно пофален и од Меси. „Лаутаро ја заслужува „Златната топка“ повеќе од било кого, имаше одлична сезона“, изјави Меси. Со Интер ја освои титулата во Серија А, а со неговата репрезентација го освои трофејот во Копа Америка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.