Лаутаро и Барела се сретнаа со Пандев кој им даде поддршка пред мечот со Сити! (ВИДЕО)

September 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лаутаро и Барела се сретнаа со Пандев кој им даде поддршка пред мечот со Сити! (ВИДЕО)

Гранде Пандев го посети својот поранешен клуб каде на фудбалерите им даде поддршка пред натпреварот со Манчестер Сити. Интер ќе заигра против Сити на „Етихад“ каде ги очекува многу тежок натпревар во првото коло од Лигата на шампиони. На нивниот вечерашен тренинг, капитенот Лаутаро Мартинез и Николо Барела имаа можност одблизу да се поздрават со големиот Пандев. Нашиот Пандев остави длабок траг во Интер, а вечно ќе се памети „триплетата“ во 2010 година со што тој и понатаму е единствен македонски фудбалер кој го направил тоа.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by Inter (@inter)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.