July 15, 2024 | | Свет
Аргентина ја освои Копа Америка со голот на Лаутаро Мартинез во продолженијата и по историски 16. пат го освои овој трофеј. Голот на Мартинез падна во 112. минута. Со овој освоен трофеј, Аргентина има една титула повеќе од Уругвај во еден цврст и остар натпревар каде Меси поради повреда побара замена во второто полувреме и заплака на клупата. Околу еден час доцнеше почетокот на финалето каде настана хаос бидејќи фанови сакаа да влезат без купена карта каде се случи навивачко стампедо. Во 66. минута, Лео Меси побара замена и заплака на клупата, откако стана јасно дека не може да продолжи поради повреда на скочниот зглоб. Уругвајците со жестоки стартови го уништија во текот на мечот, а на негово место влезе Нико Гонзалез.
Крај на репрезентативната кариера објави Ди Марија кој успеа да се прости од селекцијата со освоен трофеј.Messi crying !💔💔💔💔💔 pic.twitter.com/E4udPN8pyz
— Messi Media (@LeoMessiMedia) July 15, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |