Лаутаро нема да настапи против Барселона

May 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Лаутаро нема да настапи против Барселона

Интер ќе мора без својот капитен на мегаспектаклот во Милано. Лаутаро Мартинез ја повреди задната ложа на левата нога на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите и денеска официјално беше отпишан за реваншот против Барселона. Иако клубот најави дека состојбата ќе се следи „од ден за ден“, лекарите потврдуваат дека му е потребна барем една недела одмор, време кое Интер го нема. Голем удар за „нероаѕурите“, кои ќе мора да се снајдат без својот најдобар стрелец. Интересно, и Барселона на првиот меч настапи без Левандовски, па сега двете екипи влегуваат во реваншот ослабени, но максимално мотивирани. Одредени италијански медиуми пак пренесуваат дека Лаутаро ќе се обиде да „стисне заби“ и да настапи против Барселона. Интер воедно се бори и за Серија А, па Лаутаро ќе биде потребен и во одбрана на Скудетото.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.