Лажен агент за малку ќе заработел милион евра од Барселона

October 17, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лажен агент за малку ќе заработел милион евра од Барселона

Измамник кој глумел дека е фудбалски соработник на агентот на Левандовски Пини Захави се обидел да ја измами Барселона за еден милион евра за време на трансферот на Роберт Левандовски. Клубот веќе ги префрлил парите, но при направена проверка, банката увидела дека сметката е од некоја ризична банка на Кипар. Самата истрага покажала дека на сметката немало никакво поместување на средства и била формирана само за измама. Сумата требала да биде исплатена на лицето Мајкл Герардус Херманус Демон, кој бил претставен како адвокат кој често соработувал со Пини Захави при трансфери на фудбалери. Во оваа истрага се утврдило дека Пини Захави и Мајкл Герардус Херманус Демон биле жртви на гражба на идентитет.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.