August 1, 2024 | | Свет
Ѕвездата на Милан Рафаел Леао има неверојатен потенцијал кој се чини дека сеуште до крај не го користи. Многу често тој е неконстантен и се остава впечаток дека понекогаш не сака да игра фудбал. Од него се очекува повеќе да биде вклучен во играта преку голови и асистенции. „Кога бев мал, сакав да дриблам и да правам асистенции. Ги гледав сите, особено Чави и Иниеста, кои можеа да направат додавања од 30 метри, па дури и од пет метра да му достават топка на напаѓачот. Затоа не сум себичен. Мои омилени отсекогаш биле Роналдињо, Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, сите оние кои биле способни да направат неверојатни игри или додавања. Така се гледам себеси, носам нешто поинакво“, рече тој. Во однос на сегашниот фудбал, Леао смета дека тој е само бројки. „Фудбалот сега е само бројки. Се разбира, бројките се важни, но тие не го вклучуваат талентот. Момците кои не можат да направат додавање, ама постигнуваат 30 гола се ставени на ниво над сите други, дури и над момците кои носат нешто поинаку. Фудбалот е да се прикаже шоу и да се победи, но затоа доаѓаат да не гледаат“, објаснува Леао. Португалецот вели дека понекогаш луѓето не разбираат одредени работи за фудбалот, но дека тоа не му пречи. „Единствената критика што ја слушам е од мојот тренер, менаџерите и оние во Милан. Тие ме сакаат овде, знаат до кое ниво можам да стигнам, а знам и јас. Можам да бидам еден од најдобрите, не само во Милан, туку и во светот“, вели Леао за „La Gazzetta dello Sport“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |