Шок на Островот: Легенда на Манчестер Јунајтед претепал полицаец!

April 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Шок на Островот: Легенда на Манчестер Јунајтед претепал полицаец!

Легендата на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација, Ники Бат, се најде во центарот на скандал откако на својата роденденска прослава наводно удрил полицаец со глава и му го скршил носот, пренесува британскиот таблоид „Сан“. Инцидентот се случил за време на прославата на 50-тиот роденден на Бат, која се одржала во луксузниот клуб „Сохо Фармхаус“. На забавата присуствувале и други фудбалски легенди како Дејвид Бекам, Пол Сколс и Гери Невил. Според извештаите, инцидентот започнал откако персоналот одбил да му послужи пијалок на Бат поради неговото однесување, по што тој излегол надвор и уринирал на ѕидот пред локалот. Тоа предизвикало реакција од страна на полицаец кој го обезбедувал објектот. Бат, наводно, агресивно реагирал, му пришол на службеникот и го удрил со глава во лицето. Полицаецот завршил во болница со повреди, меѓу кои и скршен нос, а според сведоците, сцената била шокантна и проследена со многу крв. „Имаше многу крв, луѓето беа шокирани кога лицето од обезбедувањето дојде повредено“, изјавил еден од очевидците.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.